Најголемиот трговскиот центар РЕМ мол во западна Македонија, беше свечено отворен во среда. Тој е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува хотел и станбени единици. Инвестиција е на компанијата RENOVA и е во вредност од 40 милиони евра, што воедно претставува и најголема досега во овој дел од Македонија. Самиот објект кој се наоѓа на само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу двата главни булевари, со содржините кои ќе ги понуди се очекува да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните од овој дел од земјава.
Најголемиот трговскиот центар РЕМ мол во западна Македонија, беше свечено отворен во среда.
Тој е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува хотел и станбени единици. Инвестиција е на компанијата RENOVA и е во вредност од 40 милиони евра, што воедно претставува и најголема досега во овој дел од Македонија.
Самиот објект кој се наоѓа на само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу двата главни булевари, со содржините кои ќе ги понуди се очекува да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните од овој дел од земјава.
РЕМ комплексот се состои од: трговски центар од 12 000 м2, луксузен хотел со пет ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60 000 м2. Ќе бидат обезбедени и голем број на работни места.
Трговскиот центар прв ќе биде пуштен во употреба, а потоа за кратко време и хотелот и станбените единици.
"Трговскиот центар, како и целиот комплекс е граден со многу љубов и самодоверба. Тука на едно место граѓаните ќе можат да најдат голем број брендови од светски рамки, постои одличен распоред на објектите, просторен паркинг, а секако неговиот уникатен надворешен изглед, како и внимателно и софистицирано средениот ентериер, гарантира масовна посетеност за кратко време. Исто така, близината до зимскиот и регионален спортски и туристички центар Попова Шапка го прави објектот уште поатрактивен и попотребен, придонесувајќи кон развојот на туризмот во западна Македонија. Дополнителен куриозитет е исто така и работно време на РЕМ трговскиот центар, кој е предвидено да функционира од 09 часот изутрина па се до 22 часот, и тоа седум работни денови во тековната недела. Со таквото работно време сметаме дека тетовци и околината ќе можат да ги завршат своите обврски во тековниот ден", изјави Шефки Идризи, генерален директор на Ренова.
Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Carrefour (Карфур), италијанскиот моден ланец Gruppo Fiori (Групo Фјори), Mega Fashion, играчница Аркадиа, Extreme Intimo (Екстрим Интимо), Office Plus (Офис Плус), Penti (Пенти), Lamas & Jovani USA (Ламас и Џовани УСА), Mat Star (Мат Стар), Кимико, Топ Шоп, Анхоч, P.S.Fashion (ПС Фешн), Golden Rose, парфимерија Еликсир, слаткарница Амфора, донер Дајти, пецива и пица Меридиан, бутик Емона, накит Swarovski Elements, уреди за домаќинство Елипсо. А исто така се ќе отвори и ексклузивен ресторан кој ќе работи до 24 часот како и за најмладите детска игротека „Киндерленд".